ТАЖНА ВЕСТ Почина новинарката Валентина Базерко

Колегите од медиумската фела со тага и почит се простуваат од Валентина Базерко, која засекогаш ќе остане запаметена по својата доблест и посветеност кон вистинските вредности на новинарството.

ТАЖНА ВЕСТ Почина новинарката Валентина Базерко
Фото: Принтскрин

На 62-годишна возраст, вчера почина истакнатата новинарка Валентина Базерко.

Својата новинарска кариера ја започна во редакцијата на весникот Млад борец, а потоа со посветеност и страст работеше во Македонското радио. Позната по својата борба за правда и професионализам, Базерко беше и меѓународен дописник – известуваше од Тајван и од бројни значајни светски конференции.

Како партизанска внука и ќерка храбро се справуваше со личните животни предизвици, таа никогаш не се откажа од љубовта кон новинарството. Се залагаше за негата на македонскиот јазик и современиот радиофонски израз, оставајќи зад себе белег на исклучителна професионалност.

Колегите од медиумската фела со тага и почит се простуваат од Валентина Базерко, која засекогаш ќе остане запаметена по својата доблест и посветеност кон вистинските вредности на новинарството.

CATEGORIES
Share This