ГОЛЕМ ПРЕСВРТ КАЈ ТРАМП Се оградува од претходните ветувања, неможам да ветам брз крај на војната во Украина

Трамп уште во април, во интервју за списанието Тајм, појасни дека ветувањето за решавање на конфликтот за еден ден било фигуративен израз, а не буквална намера.

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ КАЈ ТРАМП Се оградува од претходните ветувања, неможам да ветам брз крај на војната во Украина
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали може да стави крајот на војната меѓу Русија и Украина, иако тоа останува еден од приоритетите на неговата надворешна политика.

„Не знам. Не можам да кажам дали тоа ќе се случи или не – изјави Трамп пред новинарите на авионот „Ер Форс Уан“, одговарајќи на прашање за можноста за завршување на конфликтот.

Трамп според американскиот портал Политико додава: „Секако, би сакал да се случи.

Овие изјави доаѓаат во контекст на неговите претходни тврдења од изборната кампања, кога уверуваше дека може да го реши конфликтот за 24 часа. Сега, Трамп признава дека тоа било саркастична изјава и дека ситуацијата е многу покомплексна.

На самитот на НАТО, тој изјави дека конфликтот е „потежок од другите“ и призна дека има несогласувања со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин има „комплициран карактер“.

Трамп уште во април, во интервју за списанието Тајм, појасни дека ветувањето за решавање на конфликтот за еден ден било фигуративен израз, а не буквална намера.

CATEGORIES
TAGS
Share This