ПРЕМИЕРОТ ГОЛОБ – Словенија ќе одржи референдум за НАТО

Според него, само референдум за членството во НАТО може да ја покаже „вистинската волја на народот“ и да ги расчисти сите дилеми.

ПРЕМИЕРОТ ГОЛОБ – Словенија ќе одржи референдум за НАТО
Фото: Принтскрин

Помалку од еден час по поразот на парламентарното гласање за консултативниот референдум за зголемување на трошоците за одбрана, словенечката владејачка партија Движење за слобода најави дека ќе побара сопствен консултативен референдум – овојпат за членството на Словенија во НАТО, јавува СТА.

„Ова е вистинското прашање за кое граѓаните треба да се изјаснат“, соопшти партијата, најавувајќи дека предлогот за референдум ќе биде официјално поднесен следната недела.

Премиерот Роберт Голоб, преку официјалниот профил на владата на социјалната мрежа X, изјави:

„Постојат само два избора – или да останеме во НАТО и да продолжиме да ја плаќаме членарината, или да ја напуштиме алијансата. Сè друго е популистичка измама на граѓаните на Словенија“.

Изјавата на Голоб доаѓа по усвојувањето на иницијативата на Левицата – помал коалициски партнер за одржување референдум поврзан со зголемувањето на одбранбените трошоци. Иако Левицата е дел од владејачката коалиција, нејзината иницијатива доби поддршка од конзервативната опозиција, додека партијата на премиерот гласаше против.

Голоб го оцени референдумот за одбранбените трошоци како „уште еден бесмислен потег поддржан од коалицијата меѓу Демократската партија (СДС), Нова Словенија (НСи) и Социјалдемократите (СД)“.

Според него, само референдум за членството во НАТО може да ја покаже „вистинската волја на народот“ и да ги расчисти сите дилеми.

CATEGORIES
TAGS
Share This