МВР УДИРА ПО СИТЕ Дивоградбите на ред

Во однос на конкретно прашање за евентуална дивоградба во општина Чаир, Тошковски рече дека не е запознаен со детали, но потврди дека институциите се ангажирани и резултатите ќе бидат објавени наскоро.

МВР УДИРА ПО СИТЕ Дивоградбите на ред
Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека МВР активно постапува по случаи поврзани со дивоградби, по наредба на јавен обвинител. Тој најави дека резултатите ќе бидат видливи во блиска иднина.

На прес-конференција во Владата, презентирајќи ги резултатите од првата година од мандатот, Тошковски нагласи дека за разлика од минатото, сега постои неселективна и бескомпромисна борба против сите кои го прекршиле законот.

„Постапуваме против врховни судии, членови на обезбедување на премиер, директори, министри и градоначалници – и актуелни и поранешни кои злоупотребувале јавни средства. Народот гледа разлика: како било порано, а како се работи сега“, рече министерот.

Тој подвлече дека ниеден случај од јавен интерес нема да остане нерешен и дека ќе се постапува согласно европски стандарди.

Во однос на конкретно прашање за евентуална дивоградба во општина Чаир, Тошковски рече дека не е запознаен со детали, но потврди дека институциите се ангажирани и резултатите ќе бидат објавени наскоро.

CATEGORIES
TAGS
Share This