ЕКСПЛОЗИЈА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО РИМ: Деветмина повредени, меѓу нив и полицајци и пожарникар

Според првичните информации, експлозијата настанала во резервоарот за бензин, по што избувнал голем пожар.

ЕКСПЛОЗИЈА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО РИМ: Деветмина повредени, меѓу нив и полицајци и пожарникар

Најмалку девет лица се повредени, од кои тројца се со тешки изгореници, по експлозија што избувна на бензинска пумпа во Рим. Меѓу повредените се осум полицајци и еден пожарникар, кои пристигнале на местото на несреќата за да интервенираат, соопшти полицијата.

Според првичните информации, експлозијата настанала во резервоарот за бензин, по што избувнал голем пожар. Десет екипи на противпожарната служба се вклучиле во гаснењето, а областа е целосно евакуирана од безбедносни причини.

Причините за експлозијата сè уште се истражуваат, а властите најавија дека ќе спроведат темелна истрага. Состојбата на некои од повредените е критична.

CATEGORIES
Share This