САНКЦИОНИРАНИ 429 МОТОЦИКЛИСТИ – Продолжуваат засилените проверки

Санкционирани се 429 возачи, од кои 267 не носеле заштитна кацига, 83 управувале без возачка дозвола, а 12 мотоцикли се одземени поради истечена регистрација и создавање голема бучава.

САНКЦИОНИРАНИ 429 МОТОЦИКЛИСТИ – Продолжуваат засилените проверки

Во текот на вчерашниот ден (2 јули 2025), од 16 до 22 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на цела држава насочена кон прекршоците на возачите на мотоцикли. Санкционирани се 429 возачи, од кои 267 не носеле заштитна кацига, 83 управувале без возачка дозвола, а 12 мотоцикли се одземени поради истечена регистрација и создавање голема бучава.

Дополнително, изречени се и 189 казни за други видови сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да придонесат за побезбедни патишта.

CATEGORIES
Share This