МАКСИМ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА И НЕ Е ВИНОВЕН – Обвинителството се предомисли и се откажа од обвинението
Максим Димитриевски се кандидира за трет мандат градоначалник на советничката листа на коалицијата ЗНАМ

Основното јавно обвинителство – Куманово се повлече од обвинението против градоначалникот Максим Димитриевски за злоупотреба на службена положба, по пријава на двете кумановски компании „УПМ-ГРУП“ и „Хромак“. На 1 јули 2025 година, Основниот суд во Куманово ја отфрли обвинителната пријава (К-115/24), бидејќи јавниот обвинител ден претходно се откажа од кривичното гонење согласно член 402 став 1 точка 3 од ЗКП.
Основниот суд во Куманово излезе со соопштение во кое наведува дека е донесена пресуда со која обвинението се одбива.
„Основниот суд Куманово, заради интерес на јавноста за постапката по предметот на Основен суд Куманово К-115/24 против обвинетиот М. Д. од К. за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. со ст.1 од КЗ, известува дека на ден 01.07.2025 година донесена е пресуда со која обвинението се одбива согласно на чл.402 ст.1 т.3 од ЗКП, затоа што јавниот обвинител со поднесок од ден 30.06.2025 година се откажа од обвинението“, стои во соопштението на сајтот на Основен суд Куманово.
Случајот се однесува на наводно неодобрување и непрепишување на решенија за градба и пресметка на надомест за уредување градежно земјиште, што се случувало од април 2023 година. Бизнисмените бараа отштета од 3,3 милиони денари. Судскиот процес започна на 2 април 2024 година, а последното рочиште се одржа на 27 јуни. Судиската постапка требаше да продолжи со завршни зборови на 4 јули пред судијка Маја Денковска.
На седница на Советот на Општина Куманово, Димитриевски изјави дека Обвинителството утврдило отсуство на кривично дело и ја поздрави одлуката, иако повторно укажа на политички влијанија во судскиот систем.
Максим Димитриевски се кандидира за трет мандат градоначалник на советничката листа на коалицијата ЗНАМ.


