ПРИТИСОК ИЛИ СТРАТЕГИЈА – САД ја стопираа испораката на оружје за Украина
Москва постојано ја истакнува позицијата дека вооружувањето на Украина од страна на Западот го отежнува патот кон дипломатско решение и ги влошува безбедносните ризици во регионот.

Според извештај на списанието The Economist, украинските власти изразуваат загриженост поради, како што тврдат, целосен прекин на испораките на американско оружје, вклучително и муниција и резервни делови. Наводно, испораките се стопирани во изминатиот период, што, според Киев, може да има сериозни последици по безбедносната состојба на фронтот.
Од украинска страна се смета дека зад прекинот стои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која, според истите извори, се обидува да изнуди политички концесии од Киев пред претседателските избори во САД.
Меѓутоа, американските официјални претставници ги демантираат ваквите наводи. Сепак, во изјава за NBC, портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди дека постои пауза во испораките, објаснувајќи дека станува збор за одлука донесена со цел „да се стават интересите на Америка на прво место“. Списанието Politico претходно објави дека привремената суспензија е резултат на намалени залихи на оружје и муниција.
Од руската страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека прекинот на западната воена помош може да доведе до побрзо завршување на, како што ја нарекуваат, „специјалната воена операција“. Тој додаде дека испораките на оружје од Западот не само што ја продолжуваат војната, туку ги вовлекуваат и НАТО земјите во конфликтот.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, веќе предупреди дека секој товар со оружје наменет за Украина е легитимна цел за руската армија. Москва постојано ја истакнува позицијата дека вооружувањето на Украина од страна на Западот го отежнува патот кон дипломатско решение и ги влошува безбедносните ризици во регионот.


