ЗАХАРОВА ПРАШУВА – Дали НАТО и ЕУ беа информирани за разговорот Макрон-Путин
Да потсетиме, вчерашниот телефонски разговор меѓу Макрон и Путин беше прв по речиси три години.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предложи земјите од НАТО и ЕУ да го коментираат телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон, и да кажат дали Париз однапред ги информирал за тоа.
„Тие токму на самитот на НАТО и ЕУ разговараа за пакети, санкции, воздржаност итн. Навистина би сакала да чујам како го оценуваат чекорот на нивниот колега, дали се согласиле за тоа на самитот на НАТО или ЕУ, дали сојузникот однапред ги информирал, дали ставот бил договорен и на кое ниво. Нека кажат сè. Денес е денот за прашања до НАТО и Унијата“ – изјави Захарова за радио Спутник.
Таа додаде дека прашањето за разговорот на претседателот треба да го коментира и француската амбасада во Русија:
„И таа може да коментира. Кога ќе почнат да прават обвинувања против нашата земја… тие се многу добри во тоа. Еве, ја имаме фактичката состојба, ве молам коментирајте ја од француска страна, објаснете ја мотивацијата – зошто сега, а зошто не тогаш“ – додаде таа.
Да потсетиме, вчерашниот телефонски разговор меѓу Макрон и Путин беше прв по речиси три години.


