ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ Само 41% со позитивен став за ЕУ

На прашањето која земја од регионот прва ќе се приклучи кон Унијата, младите најчесто ја наведуваат Албанија, потоа Црна Гора, додека само 8% веруваат дека Македонија ќе стане членка во следните пет години.

ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ Само 41% со позитивен став за ЕУ
Фото: Национал

Евроскептицизмот расте меѓу младите во Македонија – според резултатите од најновата анкета, само 41 отсто од младите имаат позитивен став кон Европската унија. Речиси половина од нив не веруваат дека Македонија наскоро ќе стане членка на ЕУ.

Истражувањето е спроведено онлајн со повеќе од 1.000 учесници од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, Европскиот центар за извонредност од Брисел и Фондацијата „Фридрих Науман“.

Најголема пречка за евроинтеграцијата, според 84% од испитаниците, е корупцијата. Потоа следуваат билатералните спорови и недовербата во институциите.

Иако 53% од младите сметаат дека се доволно информирани за европските вредности, нивниот фокус главно е насочен кон работните и образовните можности што ги нуди ЕУ.

На прашањето која земја од регионот прва ќе се приклучи кон Унијата, младите најчесто ја наведуваат Албанија, потоа Црна Гора, додека само 8% веруваат дека Македонија ќе стане членка во следните пет години.

CATEGORIES
TAGS
Share This