БЕЗ ЗАДРЖУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ Возете внимателно низ клисурите
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Фото: Национал
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека денеска сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки, при суви коловози.
Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, додека на граничните премини од македонска страна не се евидентирани подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при управување со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од одрони – особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
CATEGORIES Македонија


