ЛУКА МОДРИЌ КАРИЕРАТА ЈА ПРОДОЛЖУВА ВО МИЛАН но Интер Мајами бил првата желба

Според магазинот, хрватскиот ас сакал да се пресели во САД и да заигра во Интер Мајами заедно со Меси, Суарес, Алба и Бускетс, но неговата понуда била одбиена.

ЛУКА МОДРИЌ КАРИЕРАТА ЈА ПРОДОЛЖУВА ВО МИЛАН но Интер Мајами бил првата желба

Лука Модриќ летово ќе стане нов фудбалер на Милан, но италијанскиот клуб не бил неговиот прв избор, пренесува американскиот Sports Illustrated. Според магазинот, хрватскиот ас сакал да се пресели во САД и да заигра во Интер Мајами заедно со Меси, Суарес, Алба и Бускетс, но неговата понуда била одбиена.

Исто така, клубот од МЛС добил понуди и од агентите на Кевин Де Брујне и Нејмар, но одлучил да не ангажира ниту еден од нив. Де Брујне наводно ќе премине во Наполи, а Нејмар ќе се врати во Сантос.

Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на Светското клупско првенство. По 13 години, 28 трофеи и речиси 600 настапи, хрватскиот плејмејкер си заминува како најтрофеен играч во историјата на клубот. Во септември ќе го прослави 40-тиот роденден.

CATEGORIES
Share This