ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ФАРИШ–ДРЕНОВО: ќе го скрати патувањето меѓу Прилеп и Скопје

Со новата делница, времето на патување од Прилеп до Скопје се скратува на 1 час и 15 минути, а од Битола на околу 1 час и 40 минути. Дополнително скратување се очекува по пуштањето во употреба на трасата Прилеп–Битола.

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ФАРИШ–ДРЕНОВО: ќе го скрати патувањето меѓу Прилеп и Скопје

Свечено е пуштен во употреба експресниот пат Фариш–Дреново во должина од 10,2 километри, дел од Коридорот 10. Проектот започна во 2016 година и чини речиси 45 милиони евра, обезбедени преку Европската банка за обнова и развој.

Со новата делница, времето на патување од Прилеп до Скопје се скратува на 1 час и 15 минути, а од Битола на околу 1 час и 40 минути. Дополнително скратување се очекува по пуштањето во употреба на трасата Прилеп–Битола.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој со владина делегација присуствуваше на отворањето, истакна дека средствата се реализирани транспарентно, „во асфалт, не во провизии и фиктивни договори“.

Министерот за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ, рече дека делницата не била готова пред владата на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт и обвини за „лажни претставувања“ со вештачка интелигенција.

Директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски, додаде дека по неговото доаѓање биле интензивирани работите на терен, кои претходно, според него, се одвивале со слаб интензитет.

Сепак, пуштањето на патот не мина без политички препукувања. СДСМ тврди дека над 90% од делницата биле изградени во нивниот мандат, а актуелната власт, како што велат, се кити со туѓи заслуги.

CATEGORIES
Share This