СТАПОТ ИМА ДВА КРАЈА – Костадинов најави лична пресметка со Латас

Градоначалникот порача дека реакцијата нема да се одвива преку институции или медиуми, туку, како што вели, според „правилата и вредностите на семејството Костадинови“

СТАПОТ ИМА ДВА КРАЈА – Костадинов најави лична пресметка со Латас
Фото: Принтскрин

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот Фејсбук профил упати жестока порака до новинарот Драган Павловиќ – Латас, обвинувајќи го за навредливи коментари поврзани со неговиот покоен татко.

Во статусот, Костадинов тврди дека Латас го споменал името на неговиот татко „со гадна уста“, што тој го доживеал како сериозна лична навреда и напад на семејната чест.

„Не удри по мене, удри по мртов човек, по мојата крв, по основата на сè што сум“, пишува Костадинов, додавајќи дека ваквиот напад нема да остане без последици.

Градоначалникот порача дека реакцијата нема да се одвива преку институции или медиуми, туку, како што вели, според „правилата и вредностите на семејството Костадинови“.

„Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности“, стои во неговата објава.

Постот завршува со порака дека одмаздата ќе биде лична и долготрајна:

„Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав.“

CATEGORIES
TAGS
Share This