МИЦКОСКИ ЈА ПОБЕДИ ПЕТРОВСКА НА СУД Лагата има кратки нозе, Славјанка мора да се извини
Тој додава дека оваа пресуда е доказ дека, како што вели, СДСМ продолжува со старата пракса на ширење невистини.

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи информираше дека Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела невистини и клевети на негова сметка.
„Уште една потврда дека лагата има кратки нозе. Судот донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека Славјанка Петровска, поранешна министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, ширела јавни клевети и лаги против мене. Освен што е должна јавно да се извини, судот ѝ наложи и да ја објави пресудата во медиумите – затоа што вистината мора да излезе на виделина“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Тој додава дека оваа пресуда е доказ дека, како што вели, СДСМ продолжува со старата пракса на ширење невистини.
„Потценуваат и навредуваат, мислејќи дека преку манипулации ќе фрлат сенка врз мојата работа и дека народот ќе се разочара. Но нашиот народ е мудар. Тој веќе има искуство со политичари како овие од СДСМ – луѓе чии кариери се градени врз измами и неодговорност“, нагласува Мицкоски.
Според него, ова не е лична битка, туку борба за вистината и достоинството.
„Ова е битка за принципи – за секој човек што не дозволува да биде без причина оцрнет. Продолжуваме посветено, чесно и со крената глава. Лагите ќе паднат. Вистината победува“, завршува премиерот.


