КРАЛСКАТА ЕЛЕГАНЦИЈА ВО ВЕНЕЦИЈА Ранија го привлече вниманието на славната свадба
На свеченоста беше придружувана од ќерка ѝ, принцезата Иман, нејзиниот сопруг Џамил Термиотис, синот Хусеин и снаата, принцезата Раџва.

Јорданската кралица Ранија Ал Абдула повторно го потврди својот статус на икона на елеганцијата со појавата на свадбата на милијардерот Џеф Безос и новинарката Лорен Санчез, одржана во Венеција.
Со негувана фризура со лесни бранови и дискретна шминка во неутрални тонови, Ранија изгледаше беспрекорно. Целосниот изглед го заокружи со елегантен накит – ѓердан, прстени и софистицирана чантичка. На свеченоста беше придружувана од ќерка ѝ, принцезата Иман, нејзиниот сопруг Џамил Термиотис, синот Хусеин и снаата, принцезата Раџва.
Покрај кралското семејство на Јордан, на свадбата присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои: Ким и Клои Кардашијан, Бил Гејтс, Леонардо Дикаприо со девојката Виторија Черети, Крис Џенер и нејзиниот партнер Кори Гембл, Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Опра Винфри, Брукс Надер и други.
Според американските медиуми, Безос и Санчез веќе стапиле во брак во САД, а во Италија организирале повеќедневна свадбена прослава. Изворите посочуваат дека двојката потпишала предбрачен договор вреден неколку милиони долари.
Иако настанот предизвика внимание и восхит, во Венеција продолжуваат протестите на граѓани кои сметаат дека таквите ексклузивни случувања не му доликуваат на градот. Градоначалникот Луиџи Бруњаро, сепак, ги уверил младенците дека нивната безбедност е загарантирана.
Queen Rania, Crown Prince Al Hussein, Princess Rajwa al Hussein and Princess Iman Bint Abdullah attended the wedding of Jeff Bezos and Lauren Sanchez on June 27. pic.twitter.com/luysL7ifWR
— Royalty Of Arabia (@DesertCrowns) June 27, 2025


