ЕМОЦИИ БЕЗ ГРАНИЦИ Јапонски и македонски гласови на иста сцена

Настанот беше вистинска музичка мостница меѓу две култури, исполнета со емоција, почит и заедништво.

ЕМОЦИИ БЕЗ ГРАНИЦИ Јапонски и македонски гласови на иста сцена
Фото:Национал

Во Македонската филхармонија се одржа исклучителен концерт што ја слави културната поврзаност помеѓу Јапонија и Македонија. На сцената настапија јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, познат по својата длабока почит и посветеност кон македонската музика и култура, и македонската сопранистка Елена Васова.

Концертот, насловен „Јапонско срце бие во македонски ритам“, обедини изведувачи од двете земји. Настапија јапонскиот женски хор Tomoni Utao, со пијанска придружба на Акико Каназава, како и македонскиот мешан хор Про Арс под диригентската палка на Сашо Татарчевски. Специјални гости на вечерта беа пијанистот Иван Трајковски и јапонската сопранистка Чихиро Суганума.

Казухиро Котецу, воден од мотото „Љубовта кон земјата, културата и луѓето најсилно се слуша преку музиката“, изведе безвременски македонски песни како:

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други традиционални композиции.

Публиката уживаше и во внимателно одбрана програма од познати јапонски и македонски песни, кои ја отсликуваат духовната и музичка блискост меѓу двата народа.

Настанот беше вистинска музичка мостница меѓу две култури, исполнета со емоција, почит и заедништво.

CATEGORIES
Share This