СОЛЗИ И ТИШИНА ВО ТЕХЕРАН Иран се збогува со хероите воени команданти и научници
Меѓу погребаните се и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Мохамед Багери, како и командантот на Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, Али Шадмани, заедно со неколку други високи офицери.

Во главниот град на Иран, Техеран, денес се одржаа масовни погреби на воени команданти, нуклеарни научници и цивили кои го загубија животот за време на неодамнешниот 12-дневен вооружен конфликт со Израел, јавува дописникот на „Спутник“.
Според иранските медиуми, повеќе од 60 лица беа погребани во Техеран. На церемонијата присуствуваше и претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан.
Учесниците на поворката маршираа низ централните улици на главниот град, носејќи фотографии и постери од жртвите. Особено беа истакнати ликовите на нуклеарни експерти и високи воени лидери.