ПОПИСОТ ОД 2021 ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ – ВЛЕН и ДУИ со спротивставени ставови

Тој нагласи дека со потписот на ДУИ и техничката реализација на СДСМ, Албанците биле поделени на „резиденти“ и „нерезиденти“, со што илјадници Албанци од дијаспората биле исклучени од пописот.

ПОПИСОТ ОД 2021 ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ – ВЛЕН и ДУИ со спротивставени ставови
Фото: Принтскрин

Коалицијата ВЛЕН оцени дека пописот на населението во 2021 година претставува едно од најголемите институционални предавства кон Албанската заедница во Северна Македонија. Според нив, пописот не бил обичен статистички процес, туку политички проект насочен кон маргинализација на Албанците.

„Ова не беше статистика, туку обид да се избришат Албанците од официјалните бројки и да се исклучат од процесите на одлучување,“ изјави Блерим Сејдиу.

Тој нагласи дека со потписот на ДУИ и техничката реализација на СДСМ, Албанците биле поделени на „резиденти“ и „нерезиденти“, со што илјадници Албанци од дијаспората биле исклучени од пописот. Одлуката на Уставниот суд за укинување на оваа класификација, Сејдиу ја нарече „победа на вистината“.

Од друга страна, ДУИ со загриженост реагираше на, како што велат, координираната кампања за дискредитација на пописот. Според нив, процесот бил легален, транспарентен и мониторирани од домашни и меѓународни институции.

„Ова не е изолиран напад. Се работи за поширок обид за ревизија на постигнувањата од последната деценија, преку иницирање нов попис по политички агенди, што може да ја врати системската нееднаквост. Тоа е опасен обид за поткопување на меѓуетничкиот соживот и промоција на етноцентристички и албанофобични политики,“ соопштија од ДУИ.

Партијата предупреди дека секој политички или институционален чин насочен кон уривање на уставниот поредок, Рамковниот договор, еднаквоста и соживотот, ќе повлече политичка, правна и морална одговорност.

CATEGORIES
Share This