СПЕКТАКУЛАТЕР КОНЦЕРТ НА „ЛЕБ И СОЛ“ започна 17. издание на БИТ ФЕСТ во Битола

Програмата на фестивалот опфаќа концерти, театарски претстави, изложби, филмски проекции и разни културни манифестации, кои го оживуваат градот и му даваат посебна уметничка енергија.

СПЕКТАКУЛАТЕР КОНЦЕРТ НА „ЛЕБ И СОЛ“ започна 17. издание на БИТ ФЕСТ во Битола
ФОТО: Принтскрин

Со спектакуларен концерт на легендарната македонска група „Леб и сол“, синоќа во античкиот локалитет Хераклеја свечено беше отворено 17-то издание на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ. Фестивалот официјално го отвори градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека овој настан е празник на културата, уметноста и традицијата на градот.

„Годинава сме особено горди што фестивалот продолжува да расте, што имаме добра програма и што заедно со уметниците, институциите, но и со секој од вас, ја негуваме убавината на уметноста, затоа што таа е најголемата вредност што можеме да ѝ ја даруваме на нашата Битола“, рече Коњановски во своето обраќање.

БИТ ФЕСТ го продолжува културното наследство што Битола го гради повеќе од 48 години. Од „Хераклејските вечери“ во минатото, фестивалот во 2006 година прерасна во официјално културно лето под покровителство на Општина Битола. Денес, БИТ ФЕСТ е синоним за културен живот во градот, кој секое лето привлекува уметници и публика од земјата и странство.

Програмата на фестивалот опфаќа концерти, театарски претстави, изложби, филмски проекции и разни културни манифестации, кои го оживуваат градот и му даваат посебна уметничка енергија.

Овогодинешниот БИТ ФЕСТ ќе трае низ целиот летен период, збогатувајќи го културното секојдневие на битолчани и гостите на градот.

CATEGORIES
Share This