ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ забраната ќе трае од 1 јули до крајот на август

Одлуката е донесена врз основа на зголемената опасност од појава на шумски пожари, како и барањата од јавните институции што управуваат со шумите и заштитените подрачја.

ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ забраната ќе трае од 1 јули до крајот на август

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја извести јавноста дека од 1 јули до 31 август 2025 година стапува на сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште низ територијата на државата. Одлуката е донесена врз основа на зголемената опасност од појава на шумски пожари, како и барањата од јавните институции што управуваат со шумите и заштитените подрачја.

Според Министерството, забраната е во согласност со член 57, став 3 од Законот за шумите, а нејзината цел е заштита на шумските ресурси и превенција од пожари на отворен простор, особено во летниот период кога температурите се екстремно високи.

„МЗШВ даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите, по насоки на Владата и на барање на ЈП ‘Национални шуми’ и Националните паркови. Движењето во шумите ќе биде дозволено само со писмено одобрување од подружниците на ‘Национални шуми’ и Националните паркови, за соодветните подрачја“, стои во соопштението.

За физичките лица што ќе бидат затекнати како се движат во шума или шумско земјиште без дозвола, се предвидени високи парични казни. Според член 106 од Законот за шумите, глобата изнесува од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Надлежните апелираат до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не го загрозуваат шумскиот екосистем, потенцирајќи дека ваквите мерки се од клучно значење за зачувување на природата и спречување на катастрофални последици од можни пожари.

CATEGORIES
Share This