ВЛАДАТА ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ Крај за партиската книшка, почеток за заслугите

Како што нагласи, со законот се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор, и на централно и на локално ниво.

ВЛАДАТА ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ Крај за партиската книшка, почеток за заслугите
Фото: Влада

Владата го усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по завршувањето на владина седница.

„Целта на законот е да изградиме јавна администрација која ќе биде вистински сервис на сите граѓани – базирана на заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор. Наместо времето кога партиската книшка беше поважна од дипломата, денес поставуваме нови темели: знаење, интегритет и заслуги“ – изјави Мицкоски.

Како што нагласи, со законот се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор, и на централно и на локално ниво. Предлог-законот ќе биде доставен на оценка до Венецијанската комисија, по што ќе влезе во собраниска процедура.

„Нашата обврска е да ја прекинеме праксата на институции што наградуваат послушност. Наместо тоа, сакаме систем кој ги вреднува способноста и интегритетот. Младиот човек со знаење треба да има простор за напредок. Токму затоа законот го упатуваме до Венецијанската комисија, со цел негово усогласување со европските стандарди. По нивното мислење, ќе го доставиме до Собранието“ – додаде Мицкоски.

CATEGORIES
Share This