ЕДНА ГОДИНА ВЛЕН – Една година достоинство и дела
Во секој сектор ВЛЕН покажа дека промена е можно да се постигне. Ова не е само симболична победа, туку реална трансформација. Скршени се синџирите на стагнација - започна нова ера за Албанците во Северна Македонија

Во време кога ветувањата најчесто траеја колку и изборните кампањи, движењето ВЛЕН тврди дека донело вистинска промена во животот на Албанците во Северна Македонија. Во своето едногодишно резиме, од партијата велат дека зад нив стојат конкретни дела, не празни зборови.
„ВЛЕН не е само политички субјект, туку граѓанско будење што прерасна во национално единство. Победата на 8 мај со над 107.000 гласови беше порака дека Албанците зборуваат со еден, јасен и достоинствен глас. ВЛЕН не ветува – ВЛЕН реализира“, стои во соопштението.
– Усвоен е Законот за правична и соодветна застапеност, кој, како што наведуваат, за првпат на законска основа ги гарантира правата на Албанците, надминувајќи го политичкиот балансер како механизам на распределба.
– Според партијата, за само неколку месеци реализирани се 2.500 нови вработувања и 800 унапредувања за Албанци – повеќе, како што тврдат, отколку во целиот мандат на ДУИ.
– Потпишан е стратешки договор вреден 6 милијарди евра со Обединетото Кралство. Прилив од 720 милиони евра во директни странски инвестиции и 250 милиони евра поддршка за домашни компании.
– 300 милиони евра доделени на албанските општини за проекти како училишта, градинки, патишта и јавни простори. Посебно се истакнува инвестицијата од 20 милиони евра за подземен паркинг под плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
– Ставањето во функција на „One Stop Shop“ системот во Блаце и Јажинце, со најава за нови пунктови во Табановце и Ќафа Сан.
– 35 милиони евра инвестирани во нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“. Од септември, студентите ќе добиваат и по 250 евра за набавка на електронска опрема.
– Младите земјоделци добиваат субвенции од по 10.000 евра, а дополнително се обезбедуваат средства за механизација, оранжерии и системи за наводнување.
– Платите се зголемени: за здравствените работници за 15%, наставниците за 12%, полицијата за 10%. Капитацијата за лекарите е зголемена, а пензионерите добиваат 5.000 денари месечно дополнително.
„Во секој сектор ВЛЕН покажа дека промена е можно да се постигне. Ова не е само симболична победа, туку реална трансформација. Скршени се синџирите на стагнација – започна нова ера за Албанците во Северна Македонија“, завршува соопштението на партијата.


