СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА СО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА – Судење и за таткото на Јованов
Случајот предизвика големо внимание во јавноста, особено поради фактот што трагичниот исход можел да биде спречен доколку биле почитувани законските обврски и преземени соодветни мерки од родителот.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска започнува судскиот процес против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој е обвинет за кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Обвинението го товари Јованов дека, во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година, свесно му дозволувал на својот син да управува автомобил и покрај тоа што немал возачка дозвола, имал историја на сообраќајни прекршоци и претходни судири со законот. Синот, Васил Јованов, на 29 јануари годинава, управувајќи автомобил под дејство на алкохол и без возачка дозвола, ја удри пешачката Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“, при што таа загина на самото место.
Според Јавното обвинителство на Република Македонија, таткото, иако бил свесен за опасноста, му дозволувал на својот син да вози патничко моторно возило „Пежо 207“, со што „со општоопасно дејствие предизвикал ризик по животот и телото на луѓето, лекомислено сметајќи дека нема да настанат последици“.
За фаталната несреќа во јануари, Васил Јованов на 13 мај годинава доби затворска казна од 12 години, откако ја призна вината. Дополнително, му беше изречена петгодишна забрана за управување со возило и парична казна. Како олеснителни околности судот ги зема признанието и изразеното каење, а како отежнителни – тежината на делото, претходната затворска казна за трговија со дрога и бројните сообраќајни прекршоци.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста, особено поради фактот што трагичниот исход можел да биде спречен доколку биле почитувани законските обврски и преземени соодветни мерки од родителот.


