ДРАМА ВО ПОЛСКА Атентатор требало да го ликвидира Зеленски

Благодарение на координираната акција меѓу украинските и полските служби, обидот за атентат бил навреме откриен и неутрализиран.

ДРАМА ВО ПОЛСКА Атентатор требало да го ликвидира Зеленски
Фото: Принтскрин

План за атентат врз претседателот на Украина, Володимир Зеленски, бил навреме откриен и осуетен, потврди директорот на украинската безбедносна служба СБУ, генерал-потполковник Васил Малјук.

Како што соопшти Малјук на затворен брифинг за украински медиуми, заговорот бил спречен во заедничка акција на украинската СБУ и полската Агенција за внатрешна безбедност (ABW).

Планирано било Зеленски да биде ликвидиран на аеродромот Жешов-Јасионка во Полска, локација која тој често ја користи за патувања кон и од странство. Атентатот требало да биде изведен со дрон со камера од прво лице или со снајперска пушка.

Осомничениот, според наводите, бил човек кој долги години негувал советска идеологија и останал лојален на неа, и покрај падот на Советскиот Сојуз. Планот, како што пренесуваат украинските и меѓународните медиуми, бил координиран со поддршка од Русија.

Информацијата првично ја објави украинската телевизија TSN, а потоа беше потврдена и од изворите на Newsweek и РБК. Благодарение на координираната акција меѓу украинските и полските служби, обидот за атентат бил навреме откриен и неутрализиран.

CATEGORIES
TAGS
Share This