ГРЕМИ ДОБИТНИКОТ РОЏЕР САНЧЕЗ – Концерт во Кисела Вода на 26 јуни
Настанот ќе се одржи во салата „Расадник“ со почеток од 20:30 часот

Кисела Вода станува центар на електронската музика! Еден од најпознатите светски хаус артисти и добитник на Греми, Роџер Санчез, ќе настапи во Скопје на 26 јуни, во рамки на Културното лето 2025 и одбележувањето на роденденот на општината.
Настанот ќе се одржи во салата „Расадник“ со почеток од 20:30 часот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави спектакуларна вечер исполнета со моќен хаус звук, енергија без граници и врвно ласер шоу.
„Ова ќе биде ноќ за паметење – ден кој ќе остане запишан во историјата на Кисела Вода“, порача Ѓорѓиевски.
Настанот е дел од тридневната програма, а сите детали за изведувачите и содржините ќе бидат претставени на официјална прес-конференција.
Не го пропуштајте овој ексклузивен музички спектакл!
CATEGORIES Култура


