ИЗБЕГНУВАЈТЕ СОНЦЕ ОД 11 ДО 17 ЧАСОТ Совети за жешките денови
Доколку сепак мора да излезете, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце. Пијте доволно течности, особено вода, и не чекајте да почувствувате жед.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) издаде препораки за заштита од жештините, со оглед на најавениот пораст на температурите низ целата земја.
Граѓаните се советуваат да избегнуваат престој на сонце во периодот од 11 до 17 часот, кога УВ-зрачењето е најсилно. Препорачливо е носење лесна и широка облека во светли бои, како и капа со широк обод и очила за сонце. Доколку е можно, престојувајте во климатизирани простории.
Овие препораки се особено важни за ранливите категории: постарите лица над 60 години, децата, бремените жени, хронично болните, лицата со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања, како и граѓаните кои се под терапија.
ИЈЗ предупредува дека најголем ризик од здравствени компликации имаат лицата кои работат или престојуваат на отворено за време на најжешкиот дел од денот.
Доколку сепак мора да излезете, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце. Пијте доволно течности, особено вода, и не чекајте да почувствувате жед.
Никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко време. Освежувајте се со млака вода или со ладни облоги. Лицата со хронични болести треба строго да ги следат медицинските препораки и редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со својот матичен лекар.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска не очекува сончево и многу топло време. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19°C, а максималните од 30 до 38°C. Во Скопје, температурата ќе достигне до 38°C.


