ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Почина 19-годишна девојка
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје заедно со јавен обвинител. По негова наредба, телото на починатата е предадено на обдукција.

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 16:20 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, животот го загуби 19-годишна девојка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, општина Сарај, излетало од коловозот и се превртело.
Во несреќата тешко била повредена сопатничката В.М. (19) од истото село, која веднаш била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. За жал, во 17:40 часот лекарите констатирале смрт.
Со телесни повреди се здобиле и трите сопатнички: А.М. (21), А.М. (21) и Р.М. (24), сите од село Семениште. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје заедно со јавен обвинител. По негова наредба, телото на починатата е предадено на обдукција.


