АЛБАНИЈА И СРБИЈА БЕЗ ПОБЕДНИК – Австрија и Холандија сигурни

Србија ја имаше иницијативата и создаде неколку добри шанси, но не успеа да ги претвори во гол. Албанија пропушти можност да поведе на крајот од првото полувреме, откако не реализира пенал.

АЛБАНИЈА И СРБИЈА БЕЗ ПОБЕДНИК – Австрија и Холандија сигурни
Фото: Принтскрин

Натпреварот меѓу Албанија и Србија во Тирана заврши без голови (0:0), но беше исполнет со напнати моменти и инциденти. Дуелот беше неколку пати прекинуван поради фрлање на предмети од страна на албанските навивачи кон српските фудбалери.

Србија ја имаше иницијативата и создаде неколку добри шанси, но не успеа да ги претвори во гол. Албанија пропушти можност да поведе на крајот од првото полувреме, откако не реализира пенал.

Од друга страна, Холандија и Австрија ги започнаа квалификациите за Светското првенство со победи.

Австрија, на домашен терен на стадионот „Ернест Хапел“, ја совлада Романија со 2:1. Оваа победа беше особено значајна за избраниците на Рафаел Рангник, по поразот од Србија во плејофот за А Лигата на нации. Михаел Грегорич го отвори резултатот на крајот од првото полувреме, а Марсел Сабицер го потврди триумфот во 60-тата минута. Романците постигнаа утешен гол во судиското продолжение.

Холандија славеше на гостински терен против Финска со 2:0. Полуфиналистите од последното Европско првенство до победата дојдоа со головите на Мемфис Депај и Дензел Дамфрис, потврдувајќи ја својата форма на стартот од квалификациите.

CATEGORIES
Share This