СРПСКАТА ВЛАДА СО ПЛАН Просечна плата од 1.400 евра до 2027

Министерот за финансии, Синиша Мали, изјави дека државата е на добар пат да ги исполни ветувањата дадени во 2019 година, според кои просечната плата од декември 2025 година ќе надмине 1.000 евра.

СРПСКАТА ВЛАДА СО ПЛАН Просечна плата од 1.400 евра до 2027
Фото: Национал

Владата на Србија постави амбициозни економски цели за наредниот двегодишен период – до крајот на 2027 година, просечната месечна плата во земјата да достигне 1.400 евра, додека минималната и просечната пензија да изнесуваат по 650 евра.

Министерот за финансии, Синиша Мали, изјави дека државата е на добар пат да ги исполни ветувањата дадени во 2019 година, според кои просечната плата од декември 2025 година ќе надмине 1.000 евра.

„Во моментот сме во вистинска динамика за реализација на поставените цели. До крајот на 2027 година очекуваме просечната плата да биде 1.400 евра“, рече Мали.

Според податоците за март 2025 година, просечната плата во Србија изнесува 922 евра, додека во 2012 година била само 329 евра.

Во однос на минималната плата, која сега изнесува 457 евра, Владата планира до октомври 2025 година таа да се зголеми на 500 евра, а од 1 јануари 2026 – на 550 евра. Целта е до крајот на 2027 година минималецот да достигне 650 евра.

„Минималната плата е основа за растот на просечната плата. Веќе со години ја зголемуваме побрзо од инфлацијата, и таа политика ќе продолжи“- нагласи министерот Мали.

CATEGORIES
Share This