ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША БЕЗ НОВ ИНСТАГРАМ Системска грешка – нека не се шират лаги
Пејачката додаде дека нејзината цел е транспарентност со публиката и предупреди на дезинформациите што често се шират за неа на социјалните мрежи.

Пејачката Јелена Карлеуша повторно се најде во центарот на вниманието, откако нејзиниот нов Инстаграм-профил беше избришан само неколку дена по неговото креирање.
Профилот, кој за кратко време собра илјадници следбеници, вклучувајќи и познати домашни и странски јавни личности, беше затворен преку ноќ.
Карлеуша се огласи преку социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), објаснувајќи што се случило зад затворањето на нејзиниот нов профил.
„Новиот профил беше избришан бидејќи беше отворен од истата е-пошта како и претходниот, кој беше забранет. Станува збор за системска грешка, за која се надевам дека ќе се реши. Ако не, ќе отвориме нов профил. Го објавувам ова само за болните умови да не измислуваат изговори“, напиша таа.
Пејачката додаде дека нејзината цел е транспарентност со публиката и предупреди на дезинформациите што често се шират за неа на социјалните мрежи. Таа не прецизираше дали веќе е во комуникација со платформата Инстаграм, но најави дека ќе продолжи да биде присутна на социјалните мрежи, без разлика на пречките.


