НАУКАТА СЕ ВРАЌА ВО СТОБИ Промовиран петтиот том од „Студии за старините на Стоби“
Настанот беше организиран од Националната установа Стоби и претставува значаен чекор во афирмирањето на археолошките истражувања и на меѓународната научна соработка во областа.

Во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите денеска со почеток во 12:00 часот се одржа промоцијата на најновото издание од научната периодика „Студии за старините на Стоби“. Станува збор за петтиот том од зборникот, издание на НУ Стоби, кој обединува истражувања и научни трудови од областа на археологијата и историјата на античкиот град Стоби.
Зборникот ги содржи материјалите презентирани на меѓународната археолошка конференција „Меѓу Истокот и Западот. Стоби и градовите во римските провинции на Балканот“, на која учествуваа врвни археолози и истражувачи од земјата и од странство.
На промоцијата свои обраќања имаа академик Вера Битракова-Грозданова, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс и д-р Анастасиос Антонарас, кои се осврнаа на значењето на Стоби како археолошки локалитет, како и на придонесот на новото издание за понатамошното проучување на римските градови на Балканот.
Настанот беше организиран од Националната установа Стоби и претставува значаен чекор во афирмирањето на археолошките истражувања и на меѓународната научна соработка во областа.


