ПОСЛЕДЕН ТРЕНИНГ ПРЕД УТРЕШНИОТ ДУЕЛ Вежбање тактика за натпреварот со Белгија
Фудбалерите покажаа максимална посветеност, подготвувајќи се за натпреварот во кој Македонија ќе се обиде да направи голем чекор кон пласманот на Мундијалот.

Фото: ФФМ
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа последниот тренинг пред утрешниот дуел со Белгија, кој ќе се игра во рамките на 3. коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Тимот на селекторот Благоја Милевски ја вежба тактиката што ќе биде применета во обидот да се забележи нов позитивен резултат на оваа важна средба.
Фудбалерите покажаа максимална посветеност, подготвувајќи се за натпреварот во кој Македонија ќе се обиде да направи голем чекор кон пласманот на Мундијалот.
CATEGORIES Фудбал


