ЛУКА ДОНЧИЌ СО НОВ МЕГА-ДОГОВОР СО ЛЕЈКЕРС Договор вреден 165 милилни долари

Фановите на Лејкерс со нетрпение го очекуваат овој потег, кој би значел стабилност и нова надеж за титули во наредните сезони.

ЛУКА ДОНЧИЌ СО НОВ  МЕГА-ДОГОВОР СО ЛЕЈКЕРС Договор вреден 165 милилни долари
Фото: Википедиа

Лос Анџелес Лејкерс очигледно имаат амбициозни и долгорочни планови со словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој се очекува да биде клучниот играч во иднината на франшизата.

Иако Леброн Џејмс сѐ уште е несомнено главната ѕвезда на тимот, раководството веќе работи на поставување на темелите за животот по неговото пензионирање.

Според најновите информации, Лејкерси имаат намера да му понудат на Дончиќ тригодишен договор вреден вкупно 165 милиони долари, односно по 55 милиони долари по сезона.

Договорот би содржел и опција за продолжување, со што Лука би добил стабилност и лидерска позиција во екипата за долг период.

Оваа сума и улогата што му се нудат несомнено делуваат привлечно за Дончиќ, кој од неговиот трансфер од Далас до Лос Анџелес донесе нова димензија на играта во „Стејплс центар“.

Единствената пречка за официјализација на договорот во моментов е рокот од шест месеци од последниот трејд, кој истекува на 2 август.

Доколку сè се одвива според планот, токму тогаш се очекува Лејкерс и Дончиќ да ја потпишат новата соработка и официјално да ја започнат ерата „по Леброн“.

Фановите на Лејкерс со нетрпение го очекуваат овој потег, кој би значел стабилност и нова надеж за титули во наредните сезони.

CATEGORIES
TAGS
Share This