ТРАМП ОТРКИВА ШТО МИСЛИ ЗА КИНЕСКИОТ ПРЕСТЕДАТЕЛ Го сакам но е тврд преговарач
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, во понеделникот изјави дека Трамп планира да разговара со Си Џинпинг оваа недела.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го коментираше својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг, опишувајќи го како „многу строг“ и признавајќи дека е „исклучително тешко да се постигне договор со него“.
„Го сакам претседателот Си, секогаш сум го сакал и секогаш ќе го сакам, но тој е многу строг и исклучително тврд во преговорите“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“, според агенцијата Ројтерс.
Изјавата доаѓа во пресрет на најавената комуникација помеѓу двајцата лидери. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, во понеделникот изјави дека Трамп планира да разговара со Си Џинпинг оваа недела.
Во меѓувреме, трговските односи меѓу САД и Кина повторно се во фокусот на јавноста. Минатата недела Трговскиот суд на САД донесе одлука дека Трамп ги пречекорил своите овластувања кога воведе значителен дел од тарифите за увоз на производи од Кина и други земји, користејќи го законот за итни овластувања.
Сепак, помалку од 24 часа подоцна, федералниот апелационен суд ја стопираше одлуката на Трговскиот суд, најавувајќи дека ќе ја разгледа жалбата поднесена од страна на владата.
Развојот на настаните укажува на тоа дека економските односи меѓу двете најголеми светски економии остануваат неизвесни, а политичките пораки од страна на Трамп продолжуваат да предизвикуваат интерес и дебати на домашната и меѓународната сцена.


