НАЦИОНАЛ ЕКСКЛУЗИВНО Еве што содржи рускиот меморандум за мир со Украина

Засега нема официјална реакција од Киев по објавувањето на деталите од документот.

НАЦИОНАЛ ЕКСКЛУЗИВНО Еве што содржи рускиот меморандум за мир со Украина

Рускиот меморандум доставен до украинската страна, до чиј целосен текст дојде Национал, предвидува значајни услови за постигнување на можно решение на вооружениот конфликт. Главните точки од документот се однесуваат на воспоставување на трајна неутралност на Украина, како и забрана за каква било странска воена активност на нејзината територија.

Според содржината на меморандумот, неутралноста значи дека Украина се откажува од приклучување кон воени сојузи и коалиции, што директно ја исклучува можноста за влез во НАТО или други слични структури. Дополнително, документот бара забрана за присуство на странски воени сили, бази и воена инфраструктура во земјата.

Една од клучните точки предвидува и целосно повлекување на украинските вооружени сили од регионите Донбас и Новорусија, со паралелно воспоставување 30-дневен прекин на огнот, кој би започнал веднаш по иницирањето на повлекувањето.

Во меморандумот се вклучени и дополнителни безбедносни барања, меѓу кои забрана за стационирање, транзит и распоредување на нуклеарно оружје на украинска територија.

Исто така, документот предлага ограничување на бројот и структурата на украинските вооружени сили, а предвидува и укинување на одредени рестрикции кон Украинската православна црква.

Рускиот предлог доаѓа во време кога меѓународната заедница сè повеќе повикува на дипломатско решение и деескалација на ситуацијата. Засега нема официјална реакција од Киев по објавувањето на деталите од документот.

CATEGORIES
TAGS
Share This