ЕРДОГАН НАЈАВИ СРЕДБА ПУТИН-ЗЕЛЕНСКИ ВО ИСТАНБУЛ Можно присуство на Трамп
Интерес предизвика и изјавата на турскиот претседател дека не ја исклучува можноста поранешниот американски претседател Доналд Трамп да присуствува на потенцијалната средба меѓу Путин и Зеленски.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави дека наскоро би можело да се одржи директна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул, како дел од нова турска дипломатска иницијатива за ставање крај на војната во Украина.
„Денеска во Истанбул се одржа значајна средба меѓу руската и украинската делегација. Тоа беше навистина величествен состанок – изјави Ердоган во обраќањето до нацијата по седницата на Владата.
Турскиот претседател информираше дека досегашните напори веќе вродиле со конкретни резултати, вклучувајќи размена на повеќе од илјада затвореници, како и договор за размена на тела од двете страни.
„Овие бројки се навистина големи и значајни. Нашиот министер за надворешни работи, како и медиумите, веќе ги презентираа пред меѓународната јавност“ – додаде тој.
Ердоган најави дека Турција работи на организирање самит на највисоко ниво, со учество на лидерите на Русија и Украина, што би претставувало голем дипломатски чекор кон прекин на конфликтот.
Интерес предизвика и изјавата на турскиот претседател дека не ја исклучува можноста поранешниот американски претседател Доналд Трамп да присуствува на потенцијалната средба меѓу Путин и Зеленски.
Засега нема официјална потврда за вакво учество, но евентуалното присуство на Трамп би дало дополнителна тежина на настанот.


