ФАТЕНА ПОЗАДИНАТА НА ТЕЛЕФОНОТ НА ТРАМП Јас сум си доволен,позадината открива очекувано „јас“
Фотографијата уште еднаш го потврдува вниманието што Трамп му го посветува сопствениот имиџ - дури и на заклучениот екран на мобилниот телефон.

Фотографија од заклучениот мобилен телефон на поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи низа коментари и реакции.
Снимката е направена додека Трамп излегува од претседателскиот авион, држејќи го својот мобилен телефон. На екранот јасно се гледа заклучена позадина – не фотографија на неговата сопруга Меланија, ниту на децата или внуците туку негова сопствена слика. Според корисниците на социјалните мрежи, токму ова е во согласност со јавната перцепција за Трамп – самоуверен, често фокусиран на својот имиџ.
Покрај фотографијата, на екранот на телефонот се појавува и порака од познатиот политички стратег и лобист Роџер Стоун. Според податоци на BuzzFeed, Трамп ја користи истата позадина од 2023 година, кога првпат беше фотографиран со телефонот додека играше голф.
Фотографијата од октомври 2024 година само потврдува дека Трамп останува доследен на својот стил. „Секако дека има своја слика. Нема фотографија од семејството – само тој“, гласи еден од популарните коментари на интернет.
Да потсетиме, Трамп беше исклучително активен на социјалните мрежи за време на својот прв претседателски мандат, особено на Twitter, каде често ги споделуваше своите ставови и политички пораки. По немирите на 6 јануари 2021 година и упадот во Конгресот, неговите профили беа блокирани, по што неговото присуство во дигиталниот простор се префрли на други платформи.
Фотографијата уште еднаш го потврдува вниманието што Трамп му го посветува сопствениот имиџ – дури и на заклучениот екран на мобилниот телефон.


