ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА Температури до 37 степени

Во пресрет на летните горештини, надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено кај постарите лица, хронично болните и малите деца.

ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА Температури до 37 степени
Фото: Принтскрин

Територијата на Република Македонија оваа седмица ќе биде под влијание на топла воздушна маса со потекло од Африка, што ќе донесе стабилно, сончево и невообичаено топло време за овој дел од годината.

Во текот на деновите се очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак, во попладневните часови се предвидуваат услови за локален развој на нестабилност, проследен со изолирани грмежи, пороен дожд и засилување на ветерот. Можно е да има и краткотрајни невремиња на одредени локации.

Температурите ширум земјата ќе се искачуваат до околу 30 степени Целзиусови, а локално и над таа вредност. Во Повардарието, се очекуваат и повисоки температури, кои повремено ќе достигнуваат до 36, па дури и 37 степени. И Скопје и неговата околина нема да бидат поштедени – главниот град ќе се соочи со дневни температури до 35 или 36 степени.

Дополнителна причина за внимателност е високиот УВ индекс, кој оваа седмица ќе се движи во интервалот од 7 до 8, што претставува високо до многу високо ниво на ултравиолетово зрачење. Граѓаните се советуваат да избегнуваат директна изложеност на сонце во најтоплиот дел од денот и да користат соодветна заштита.

Во пресрет на летните горештини, надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено кај постарите лица, хронично болните и малите деца.

CATEGORIES
Share This