БАЧЕВ ЗА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ Човек без ден искуство бара искуство за избор на владика, со грабеж на македонски пари стана богат а денес не ги признава Македонците
Најдобро е да си ќути, ама задачата за негирање на се што е македонско мора да си ја одработува.

Фото: Фејсбук профрил Јанко Бачев
„Денес и Љубчо Георгиевски се огласи за изборот на новиот дебарско-кичевски митрополит. Очекувано Љубчо застана зад Партениј, пробугарскиот владика во МПЦ за кого Македонците се Бугари. Интересен е аргументот на Љубчо во прилог на Партениј дека бил духовник со децениско искуство, а другиот промакедонски кандидат професорот јеромонах Георгиј (Ѓорѓевски) бил без големо црковно искуство. Замислете, Љубчо зборува за искуство а нему БЕЗ ЕДЕН ДЕН ИСКУСТВО му ја дадоа највисоката – премиерската функција а башка видовме што направи – предавство и грабеж“ – пишува професорот Јанко Бачев во својата објава на фејсбук.
Тој дополнува: „Најдобро е да си ќути, ама задачата за негирање на се што е македонско мора да си ја одработува. Како и да е, која иронија, Љубчо стана богат човек со грабеж на македонски пари, а денес Македонците кои ги опљачка не ги признава!? – потенцира професорот Бачев.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест



