Премиерот Христијан Мицкоски денеска, по посетата на реконструираното одделение за систематски прегледи во Институтот за јавно здравје, најави дека до крајот на следната недела се очекува да заврши процедурата за именување на новите министри во Владата.
Тој информираше и дека во првата половина на јули ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти името на кандидатот за градоначалник на Град Скопје.
На новинарско прашање дали во игра се актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски или пак трето лице, Мицкоски одговори дека партијата сè уште нема донесено конечна одлука.
„Но, од она што можам да го видам од анкетите, кој и да биде кандидат, е секако подобар од најдобриот кој би го понудила опозицијата“ – изјави премиерот.