ВЛАДАТА СО НОВ ПЛАН ЗА МЛАДИТЕ Неповратни средства за стартување бизнис

Со ова се отвораат можности младите да работат, творат и создаваат семејства во Македонија, што е клучен чекор кон обезбедување подобар живот за сите граѓани.

ВЛАДАТА СО НОВ ПЛАН ЗА МЛАДИТЕ Неповратни средства за стартување бизнис
Фото: Принтскрин

Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, најавува серија конкретни мерки со цел подобрување на економската состојба на граѓаните и поттикнување на развојот на македонската економија. Преку поддршка за вработување и самовработување, ќе се создадат услови за младите да останат во државата и да ја градат својата иднина тука.

Со новиот Оперативен план за 2025 година, под наслов „Визија за промена“, се предвидува директна поддршка за основање сопствени бизниси. Преку мерката за самовработување, ќе бидат опфатени 1.703 лица кои ќе добијат неповратен грант за стартување на сопствен бизнис, со што се очекува да се поттикне претприемништвото кај младите.

Специфично, 720 невработени млади лица до 29 години ќе добијат финансиска поддршка во износ од 615.000 денари како неповратни средства за отворање на бизнис. Дополнително, 220 млади ќе имаат можност да се здружат и да основаат друштво со ограничена одговорност (ДОО), при што ќе добијат по 1.230.000 денари во форма на неповратна финансиска помош.

Планот вклучува и надомест од 3.000 денари за покривање на дел од трошоците за регистрација на правен субјект, како дополнителна мерка за олеснување на процесот за новите претприемачи.

Владата очекува преку овие мерки да бидат опфатени најмалку 40 отсто од младите во државата. Главната цел е намалување на невработеноста, задржување на младите во земјава и искористување на нивниот потенцијал за економски развој.

Со ова се отвораат можности младите да работат, творат и создаваат семејства во Македонија, што е клучен чекор кон обезбедување подобар живот за сите граѓани.

CATEGORIES
Share This