ПОРТОРИКО ЈА ОСВОИ ШЕСТАТА КРУНА НА МИС УНИВЕРЗУМ Џенифер Барето испиша историја како прва мајка со престижната титула
Барето е психолог и социјален работник, а стана првата мајка што ја освоила титулата Мис Универзум. Таа има ќерка по име Пенелопе и работи за американската армија во Тексас, каде што им помага на воени семејства и на жртви на семејно насилство.

Порториканката Џенифер Барето (27) е крунисана за Мис Универзум 2026 на јубилејното 75-то издание на изборот, одржано во Сан Хуан, Порторико. Со победата, таа му ја донесе на островот шестата круна во историјата на натпреварот.
Барето е психолог и социјален работник, а стана првата мајка што ја освоила титулата Мис Универзум. Таа има ќерка по име Пенелопе и работи за американската армија во Тексас, каде што им помага на воени семејства и на жртви на семејно насилство.
На изборот учествуваа 117 натпреварувачки, а меѓу првите пет се пласираа претставничките на Порторико, Филипините, Нов Зеланд, Венецуела и Доминиканската Република.
Во финалето, Барето ја истакна важноста на слушањето на потребите на заедницата и порача дека вештачката интелигенција не треба да ги замени човечките вредности. Таа испрати и порака до жените ширум светот да веруваат во себе, да го прифатат својот идентитет и да се стремат да бидат незаборавни, наместо совршени.
Организаторите најавија дека и следното, 76-то издание на Мис Универзум ќе се одржи во Порторико.

