БАЧЕВ ГИ РАЗБИ МИТОВИТЕ Испиле по една пијачка, а професори веќе го поделија светот – Нова Јалта за 70 минути?!
Анализа на трилатералната средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг: што навистина се случи во Кина, зошто нема нова Јалта и како дипломатската симболика беше претворена во сензационални тврдења за поделба на светот.

Професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев на својата фејсбук страна направи интересна и аргументирана анализа на трилатералната средба меѓу Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг, одржана на маргините на самитот на АПЕК во Кина. Осврнувајќи се на дипломатските пораки, протоколот и политичката симболика на средбата, тој ги анализира и сензационалистичките тврдења за наводна нова Јалта, поделба на светот и решавање на војната во Украина.
Во анализата посебно ги објаснува улогата и членството во АПЕК, разликата меѓу самитот и трилатералната средба, како и значењето на дипломатските потези на тројцата светски лидери. Посебно внимание посветува и на односите меѓу Кина, Тајван и Хонг Конг.
Неговата главна порака е дека во меѓународната политика се потребни повеќе факти, а помалку сензационализам, бидејќи стручноста не се мери според големината на зборовите, туку според познавањето на фактите.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк:

