ПОРИГОРОЗЕН КРИВИЧЕН ЗАКОНИК Затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба

Академик Владо Камбовски најави дека ќе се воведе посебно кривично дело за злоупотреби при јавните набавки, ќе се редефинира делото злоупотреба на службената должност и ќе се воведат нови инкриминации за кривични дела против животната средина и природата.

ПОРИГОРОЗЕН КРИВИЧЕН ЗАКОНИК Затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба

Новиот Кривичен законик, кој беше презентиран на првата јавна расправа во МАНУ, предвидува затворски казни до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства.

Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека со новиот закон, по речиси три децении, се прави целосна реформа на казненоправниот систем, со усогласување со европските стандарди и посилен фокус на борбата против корупцијата, организираниот и финансискиот криминал.

Академик Владо Камбовски најави дека ќе се воведе посебно кривично дело за злоупотреби при јавните набавки, ќе се редефинира делото злоупотреба на службената должност и ќе се воведат нови инкриминации за кривични дела против животната средина и природата.

Предвидено е новиот законик да почне да се применува по период од шест месеци до една година од неговото усвојување. Крајниот рок за донесување, согласно Реформската агенда, е декември 2026 година.

Претставниците на граѓанските организации побараа подетални консултации и укажаа на нејаснотии во предложените решенија, особено во делот на злоупотребите при јавните набавки, одговорноста на службените лица и конфискацијата на имот.

CATEGORIES
Share This