МИЦКОСКИ: РЕШЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Е НА МАСА Студентите ќе добијат поголеми права и привилегии

Мислам дека сме на добар пат и тоа што ќе го креираме овој пат е навистина нешто иновативно. Нешто кое што ќе им помогне на студентите да се стекнат со поголеми права за споредба со тоа што денеска го имаат и поголеми привилегии, многу поголеми од тоа што денеска го имаат.

МИЦКОСКИ: РЕШЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Е НА МАСА Студентите ќе добијат поголеми права и привилегии

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата има подготвено решение за студентскиот оброк, кое во моментов се разработува и оперативно усогласува со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека станува збор за иновативно решение со кое студентите ќе добијат поголеми права и привилегии во однос на досегашниот модел.

Тој најави дека конечниот модел се очекува да биде подготвен наскоро, по што на заедничка презентација ќе бидат поканети студентите и медиумите.

„Решението е јасно, решението е на маса. Мислам дека сме на добар пат“, изјави Мицкоски.

CATEGORIES
Share This