ГЛОБИ И ЗАБРАНИ ЗА ДВЕ ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА Министерството за финансии реагираше по пријави од граѓани
Од јули 2024 година, Министерството одзело четири дозволи за работа, привремено затворило три финансиски друштва, изрекло глоби на 18 друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари и издало 58 писмени наредби за отстранување неправилности.

Министерството за финансии, по спроведен вонреден надзор во последните три месеци и постапувајќи по пријави од граѓани, изрече привремена забрана за одобрување кредити во траење од 30 дена и глоби на две финансиски друштва поради утврдени неправилности.
Од јули 2024 година, Министерството одзело четири дозволи за работа, привремено затворило три финансиски друштва, изрекло глоби на 18 друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари и издало 58 писмени наредби за отстранување неправилности.
Од Министерството ги повикуваат граѓаните кои се оштетени или имаат сознанија за неправилности да поднесат пријава на prijavafd@finance.gov.mk или писмено на адреса: ул. „Даме Груев“ бр. 12, Скопје.
CATEGORIES Бизнис

