КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО ИРАН ЌЕ БИДЕ ПРИОРИТЕТ НА НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕС Џефрис најави промени од јануари
Демократите освоија најмалку 258 од вкупно 435 места во Претставничкиот дом, додека републиканците досега имаат 173.

Лидерот на демократите во американскиот Претставнички дом, Хаким Џефрис, најави дека ставањето крај на војната во Иран ќе биде еден од главните приоритети на новиот Конгрес, во кој демократите ќе имаат мнозинство од јануари.
Џефрис изјави дека демократите ќе работат и на намалување на трошоците за живот, посочувајќи дека војната во Иран и царинската политика на Доналд Трамп придонеле за поскапување на горивата, храната и другите основни производи.
Демократите освоија најмалку 258 од вкупно 435 места во Претставничкиот дом, додека републиканците досега имаат 173. Новиот состав на Конгресот треба да започне со работа во јануари.
CATEGORIES Свет

