ДЕСЕТ ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА ДЕЦАТА Бимилк и СОС Детско село ја продолжуваат мисијата и во 2027 година

Започна со донација на млеко, а прерасна во голема хумана мисија и соработката продолжува и следната година

ДЕСЕТ ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА ДЕЦАТА Бимилк и СОС Детско село ја продолжуваат мисијата и во 2027 година
Фото: Принтскрин

Десет години континуирана поддршка, грижа и заедничка посветеност на најмладите. По повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето, Бимилк и СОС Детско село Македонија одбележуваат значаен јубилеј – една деценија партнерство посветено на децата и младите без родителска грижа и згрижувачките семејства кои се грижат за нив.

Соработката започна во 2016 година, кога Бимилк се обврза да обезбедува млеко во текот на целата година за децата поддржани од СОС Детско село. Со текот на годините, партнерството се прошируваше, а во 2023 година, под мотото „Растеме заедно“, прерасна во стратешка соработка која, покрај донациите на млечни производи, опфаќа и редовна месечна финансиска поддршка.

„Секое дете заслужува дом во кој се чувствува сакано и има слобода да сонува за својата иднина. Згрижувачките семејства им ја даваат таа можност на децата, а наша одговорност е да бидеме покрај нив. Пред десет години ја започнавме соработката со СОС Детско село со млекото на Битолска млекара, со кое пораснаа генерации во Македонија. Од таа прва донација изградивме партнерство чија вредност е во довербата дека семејствата можат да сметаат на Бимилк од година во година. И во 2027 година ја продолжуваме оваа заедничка мисија, со желба што повеќе деца да растат со сигурноста што ја носи чувството дека некому му припаѓаш“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

Од СОС Детско село Македонија истакнуваат дека долгорочната поддршка е особено важна за обезбедување стабилна грижа и планирање на иднината на децата.

„Грижата за едно дете подразбира секојдневна посветеност, но и долгорочно планирање на неговата иднина. Токму затоа партнерствата како ова со Бимилк, кое трае веќе 10 години, имаат особена вредност за нашата работа. Нивната континуирана поддршка ни овозможува со поголема сигурност да ја планираме и обезбедуваме грижата за децата и поддршката за згрижувачките семејства. Зад овие десет години соработка стои заедничка посветеност на една важна цел – секое дете да има стабилна и сигурна средина во која ќе расте, ќе напредува и ќе верува во своите можности“, велат од СОС Детско село Македонија.

За Бимилк, општествената одговорност подразбира конкретна и континуирана поддршка на заедницата, а особено вложување во подобра иднина за децата. Компанијата најавува дека и понатаму ќе биде партнер и поддржувач на активностите и мисијата на СОС Детско село Македонија.

Десетгодишното партнерство е пример дека вистинската грижа не завршува со една донација, туку се гради со доверба, посветеност и поддршка од година во година.

CATEGORIES
Share This