ЗА СТУДЕНТИТЕ НА AVENGA ACADEMY Меѓународна пракса во компании од 10 земји

На 3 декември 2026 година во 18:00 часот, Avenga Academy организира отворен онлајн разговор во формат Student-to-Student. Дел од студентите ќе раскажат како стигнале до праксата, на што работеле и како соработувале со тимовите. Публиката ќе може да им поставува прашања во живо.

ЗА СТУДЕНТИТЕ НА AVENGA ACADEMY Меѓународна пракса во компании од 10 земји
Фото: Avenga Academy

Од развој на бизнис во индиски стартап до работа на SEO за компанија од Чикаго, првата група студенти на Avenga Academy веќе стекнува меѓународно работно искуство. Дванаесет студенти прифатија понуди за онлајн пракса во 12 компании од 10 земји, во седум професионални области.

Компаниите се од Индија, Јужна Африка, Тринидад и Тобаго, Тајланд, Сингапур, Грција, Еквадор, Полска, Канада и САД. Праксите опфаќаат маркетинг, развој на бизнис, софтверски и front-end развој, Data Science, Cyber Security и Product Management. Студентите соработуваат со тимовите целосно онлајн, од Македонија.

На што работат дел од студентите?

Душан Стефановски, по завршувањето на академијата за Sales & Business Development, започнал пракса во Datavex AI, стартап од Индија. Неговата задача е да наоѓа нови клиенти и да придонесува за проширување на бизнисот.

„Ја видов поголемата слика зад проектите. Преку работата со тимот сфатив како се развива еден стартап однатре“, вели Душан.

Бисера Наковска е практикантка во UxMachina, студио за дизајн на дигитални производи од Варшава, Полска. Работи на интерфејсот на веб-продавница.

„Основата во React од Академијата ми помогна полесно да се снајдам во кодот, а она што го научив за UX/UI го применувам кога го подобрувам интерфејсот на веб-продавницата“ вели Бисера.

Миа Јакимовска ја завршила Академијата за продажба, а на праксата во DinaBridge, компанија за ИТ консалтинг од Чикаго, работела на SEO и на подобрување на видливоста на веб-страницата.

„Искуството во продажба ми помогна и во маркетингот, особено при препознавање на потенцијалните купувачи на производот“ истакнува Миа.

Сандра Ивановска работи на комуникација преку мејл и рекламирање на социјалните мрежи во 247ERICPOINTCOM, компанија од Јужна Африка.

„Со насоките од мојот ментор учам подобро да си ја организирам работата и самостојно да ги завршувам задачите“, вели таа.

Ова се само дел од искуствата на студентите од Avenga Academy кои по завршување на нивните студиите успеаа да започнат пракса во странска компанија преку можностите кои ги обезбедува Авенга за меѓународни пракси.

На 3 декември, сите заинтересирани студенти и повозрасни лица кои размислуваат за нови можности за кариера, ќе слушнат повеќе информации од прва рака на онлајн настанот:

„Меѓународните пракси од прва рака!“ на 3 декември

Како изгледа патот од аплицирање до првата задача во странска компанија? На 3 декември 2026 година во 18:00 часот, Avenga Academy организира отворен онлајн разговор во формат Student-to-Student. Дел од студентите ќе раскажат како стигнале до праксата, на што работеле и како соработувале со тимовите. Публиката ќе може да им поставува прашања во живо.

Настанот трае 45 минути. Учеството е бесплатно, со претходна регистрација.

Регистрирај се бесплатно ТУКА

CATEGORIES
Share This